top of page

Лазањи со пилешко месо: Неверојатно едноставни, а сочни и вкусни

Лазањите се италијанско јадење кое многумина го сакаат, но и избегнуваат да го подготвуваат бидејќи бара трпение и подготовка на бешамел сос, што за некои домаќинки претставува губење на време.

Меѓутоа, и за тоа постои решение – ви претставуваме рецепт за лазањи со пилешко месо кои се подготвуваат лесно, а се повкусни и посочни од оние направени по веќе добропознатите рецепти.

Потребни состојки:

– 1 пакување кори за лазањи– 300 гр. пилешко бело месо– 300 мл. неутрална павлака– 200 мл. кисела павлака– 2 моркови– 200 гр. трапист кашкавал– 100 мл. кечап– сол, црн бибер, оригано

Начин на подготовка:

1. Пилешкото месо исечкајте го на коцки, изрендајте ги морковите и сето тоа зачинете го по вкус.

2. Динстајте на масло 5 минути.

3. Пропрженото пилешко месо прелијте го со 200 мл. неутрална павлака која сте ја помешале со кисела павлака и оставете да се крчка додека не се згусне. Остатокот од неутралната павлака оставете го за подоцна.

4. Премачкајте огноотпорен правоаголен сад со масло и ставете кори на дното.

5. Врз нив ставете го филот од пилешко месо и павлака, додајте малку кечап врз него и повторувајте ја постапката додека не го потрошите сиот материјал.

6. На врвот ставете го остатокот од неутралната павлака и додајте го изренданиот трапист кашкавал.

7. Прекријте го садот со алуминиумска фолија и печете 45 минути во рерна загреана на 200 степени.

8. Потоа, тргнете ја фолијата и печете уште 5 минути за кашкавалот да добие златножолта боја.

 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page