top of page

Лазањи со печурки

  • rubinirubin
  • Feb 15, 2020
  • 1 min read



Состојки: 100 г. путер плус уште малку за мачкање на садот, 60 г брашно, 1 л + 200 мл млеко, рендано морско оревче, 300 мл слатка павлака, 3 лажици свеж сечкан магдонос, 75 рендан пармезан, 1 лажица маслиново масло, 600 г мешани печурки, 1 чешне лук, 50 мл сув вермут или суво вино, 250 г суви печурки вргањ, 300 г свежи лазањи (или суви претходно сварени), маслиново масло Подготовка Стопете 85 г путер во еден сад на тивко. Додајте го брашното и мешајте додека стане златно жолто, околу една минута. Тргнете го од топло и додајте го млекото, па вратете да се вари додека згусне. Зачинете со сол, црн пипер и малку рендано морско оревче, додајте ја павлаката, сечканиот магдонос и 25 г пармезан. Тргнете го садот од оган и оставете да се излади на собна температура. Загрејте го во еден сад остатокот од путерот, додајте маслиново масло. Во тоа пржете ги сечканите свежи печурки 2 минути на силна температура. Додајте го сечканиот лук и продолжете со пржење уште 1 минута. Зачинете, додајте го вермутот или виното, сушените печурки заедно со врелата вода во која ги ставивте да се омекнат, варете со мешање додека испарат течностите. На дното од садот премачкан со путер ставете ред лазањи да се покрие дното, турете од сосот со печурки, па продолжете да редите додека ги потрошите сите состојки. Потурете со сосот со млеко, пармезан и ставете да се печат 30 минути на 20 степени.

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page