
Вкусни, крцкави компири со специфичен вкус…
Потребни состојки:
6 компири 2 чешниња лук 2 лажици маслиново масло 30 г путер сол мелен црн пипер
Начин на подготовка:
Рерната загрејте ја на 220 Целзиусови степени. Компирите засечете ги на крукчиња, но не до крај. Секоја кришка нека биде со дебелина 3-4 милиметри. Распоредете ги компирите во тава за печење, помеѓу сите крукчиња ставете малку лук. Одозгора ставете по едно парче путер. Полијте ги компирите со маслиновото масло и ставете сол и црн пипер. Печете ги отприлика 40 минути додека не заруменат убаво и додека не станат крцкави.
Comments