top of page

Крцкави крилца од релна со пармезан!


Ако сакате пилешки крилца и немате многу време за подготовка, наместо да ги нарачувате, еве одличен рецепт за вас. Потребни ви се цели 10 минути за да ги подготвите и уште половина час за печење. Лесно се прават и веднаш исчезнуваат од чинијата.

Состојки:

килограм пилешки крилца 150 гр пармезан презла 200 гр две чешниња лук 125 гр путер лажичка топла мелена пиперка сув билен зачин сол, бибер

Подготовка:

Измијте ги и исушете ги крилцата, а потоа додадете сол и бибер по вкус. Изгмечете го лукот и измешајте со пармезан, презла, мелена пиперка и зачини по вкус. Стопете го путерот на пареа. Потопете ги крилцата во путер, потоа во мешавината од презла и пармезан, и ставете ги на плех обложен со хартија за печење. Печете на 200 степени околу 30 минути.

 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page