
Крушите се добар извор на растителни влакна, кои имаат лековито влијание врз дигестивниот и кардиоваскуларниот систем.
Интересно е тоа што крушите содржат повеќе пектин од јаболката. Растителните влакна во синергистичко дејство со минералниот бакар ја подобруваат активноста на дебелото црево и на тој начин спречуваат запек, со што го штитат здравјето на дебелото црево и го намалуваат ризикот од рак.
Исто така, постојат студии кои покажуваат дека консумирањето на овошјата богати со влакна можат да го намалат ризикот од рак на дојка за 34-50% кај жените во менопауза.
Друга многу важна придобивка од растителните влакна е тоа што имаат способност да го регулираат нивото на холестерол во крвта, што е особено важно за спречување болести на кардиоваскуларниот систем, а антиоксидансите кои ги содржи крушата помагаат во заштита против слободните радикали, кои го зајакнуваат имунолошкиот систем.
Во денешно време кога алергијата е доста распространета добро е да се знае дека крушата е хипоалергична храна, заради што експертите ја препорачуваат при воведување на овошје во исхраната на малите деца.
Крушите се покажале како ефикасни во намалување на крвниот притисок, поради лековитото делување на глутатионот во нивниот состав, кој го намалува ризикот од мозочен удар. Сокот од круша е извор на енергија која се должи на природните овошни шеќери фруктоза и левулоза, погоден е за дијабетичари, а благодарение на неговото освежително дејство.
Сокот од круша, исто така ублажува треска, помага и во заштита од различни воспалителни заболувања, а некои извори покажуваат дека борот во крушите има способност да го задржи калциумот, со што се намалува ризикот од појава на остеопороза.
Comments