top of page

Кремаст десерт од карамела: Не ви требаат ни миксер ниту рерна, а вкусот е божествен


Испробајте нов десерт и уживајте во кремастите залачиња со вкус на карамела.

Потребни состојки: – 100 гр. путер – 120 гр. брашно – 1 л. млеко – 170 гр. шеќер – 1 лажичка екстракт од ванила – 1 лажица пченкарен скроб – 300 мл. вода

Начин на припрема: Во подлабок сад ставете го путерот, па ставете го на оган да се стопи. Потоа, во стопениот путер додајте го брашното и добро измешајте, а потоа додајте цел литар млеко, но постепено и со мешање.

Гответе на тивок оган, а потоа додајте 80 гр. шеќер, па повторно измешајте и додајте го екстрактот од ванила. Варете на тивок оган додека кремот не стане погуст, како пудинг, а потоа оставете го да се излади, па ставете го во калап или сад.

Оставете го да се излади уште половина час, а во меѓувреме пригответе го преливот. Во помал сад измешајте го пченкарниот скроб и 200 мл. вода, па добро измешајте за да исчезнат грутките.

Во тава ставете 90 гр. шеќер и ставете го на тивок оган да се истопи. Кога ќе добие златна боја, во шеќерот додајте 100 мл. вода, измешајте и во тоа додајте ја мешавината од пченкарен скроб и вода што ја припремивте претходно. Повторно измешајте го сето тоа и гответе додека преливот од карамела не стане погуст.

Прелијте го врз кремастиот десерт, распоредете го по целата површина и оставете го во фрижидер да се излади околу 30 минути.



 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page