top of page

КРЕМАСТА ТОРТА СО ОВОШЈЕ! Без печење!


Не ви се оди до продавница, а ви се јаде нешто слатко? Ако не сакате да поминувате многу време во кујната, но и исто така да не ја вклучувате рерната, тогаш десертите без печење се идеално решение. Пробајте ја оваа овошна торта сигурно ќе ви се допадне

Состојки:

300 гр бисквити 400 мл сок од портокал 250 гр путер 300 мл млеко 200 гр шеќер 160 гр пудинг од ванила 500 мл слатка павлака 20 гр крем фикс 100 гр шеќер во прав 600 гр малини 100 гр шеќер 20 гр желатин Подготовка:

Натопете ги бисквитите во сокот и наредете ги во калап. Истурете го млекото во тенџере, додадете шеќер и пудинг и варете додека не се згусне. Изматете го путерот, па додадете во пудингот и соединете. Истурете го филот врз бисквитите и ставете го во фрижидер еден час. Изматете ја слатката павлака со шеќер во прав и крем фикс, па прелијте го филот од пудинг.

Гответе ги малините со шеќер, па соединете ги со миксер. Исцедете ги и додадете го желатинот што претходно сте го измешале со вода и промешајте. Прелијте преку изматената слатка павлака. Ставете во фрижидер еден час.



 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page