top of page

Која е вистинската намирница што ќе ве разбуди?

  • rubinirubin
  • Feb 6, 2020
  • 1 min read



Декстрозата дава брзо задоволство за оние кои ги погодува замор, такашто моментално им обезбедува шеќер кој ја зголемува количината на енергија и помага за концентрацијата, но стручњаците предупредуваат дека е тој ефект лажен, па затоа како замена препорачуваат да се изеде една банана. Предупредуваат дека дејството на декстрозата е само моментална па со тоа и нездрава. Секој вишок на шеќер ќе се претвори во маст, баш како и шеќарите во пекарските производи или во слатките. Даниела Крехл од германската потрошувачка организација Verbraucherzentrale Bayern затоа советува алтернатива, односно поздрав начин за еднаква енергетска „помош“, а тоа се бананите. „Бананите се полни со овошни шеќери кои брзо даваат енергија“, истакнува германската експертка. „Тие содржат и покомплексни јагленохидрати кои подолго не снабдуваат со енергија“. Бананите се богати и со витамини и со минерали, додава Крехл. Нападите на замор е најдобро да се избегнуваат со здрав појадок, а добра опција за тоа се разни видови леб од целовити зрна, како и овесна каша.

댓글


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page