top of page

Компир палачинки полнети со мелено месо: Солено чудо на кое секогаш ќе му се враќате

  • rubinirubin
  • Sep 11, 2021
  • 1 min read

Денеска ви претставуваме едноставен рецепт за малку поинакви палачинки, идеални за вкусна вечера.

Потребни состојки:- 7 компири – 1 главица кромид – 500 гр. јунешко мелено месо – 25 гр. путер – 160 гр. брашно – 1 јајце – сол и бибер – малку масло за јадење Начин на припрема: 1. Исечкајте ги компирите на коцки и ставете ги да се сварат.

2. По варењето, исцедете ги и изгмечете ги, а потоа во нив додајте ги јајцето, путерот, брашното, солта и биберот.

3. Во тава на оган пропржете го кромидот, а потоа додајте го меленото месо. Додајте сол, бибер и други зачини по желба.

4. Од тестото направете мали палачинки, а потоа на секоја од нив додајте по една лажица од прженото мелено месо.

5. Затворете ги и израмнете ја нивната површина за да добијат облик на полнето тесто.

6. Вака подготвените палачинки пржете ги во тава на која сте ставиле малку масло за јадење.


コメント


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page