Компирови ќофтиња со топено сирење (ВИДЕО)
- rubinirubin
- Aug 25, 2021
- 1 min read

Ако обожавате компири, особено ќофтиња приготвени од компир, тогаш следните рецепт вреди да го пробате. Станува збор за компирови топчиња со фил од топено сирење и сланина, на кои дефинитивно никој не може да одолее!
Состојки • 600-700 гр компири • 300 гр сланина • 100 гр топено сирење (може и кашкавал) • 2-3 јајца • 3-4 супени лажици брашно • Колку што е потребно пресно млеко, брашно, лебни трошки, масло за готвење • По вкус сол и мелен црн пипер
Начин на подготовка
1. Најпрво сварете ги компирите во солена вода. Потоа изгмечете ги до добивање на пире. Кон пирето додадете го маслото, млекото и зачинете со сол по ваш вкус. Може да додадете и други ваши омилени зачини. Оставете го пирето да се излади.
2. Во меѓувреме исечете го кашкавалот (топеното сирење) на големи коцки. Скршете ги јајцата и изматете ги во соодветен сад.
3. Оформете топчиња од пирето, а во средината на секое топче додадете парче кашкавал, а одозгора добро завиткајте го во 2 парчиња сланина. Секое топче потопете го во брашно, потоа во изматените јајца и на крај во лебните трошки.
4. Поставете ги ќофтињата приготвени на овој начин да се пржат, до добивање на златна и крцкава кора.
Comments