top of page

Колку повеќе ја јадете, толку полесно слабеете- храна со негативни калории

  • rubinirubin
  • Feb 25, 2020
  • 2 min read

До сега сигурно верувавте дека само со избегнување на одредена храна ќе ослабете, без да сте запознаени со намирниците кои имаат негативни калории. Што всушност претставува негативниот калориски баланс? Одговорот е едноставен – се работи за намирници кои на телото му овозможуваат помалку калории отколку што троши, а го држат сито и енергично. Која храна има негативни калории? Тоа се сите намирници со низок глихемиски индекс, а висок процент на влакна кои заситуваат. Овошјето, зеленчукот и лековитите билки се наоѓаат на оваа листа на намирници. Тие ја подобруваат работата на метаболизмот и произведувањето на ензими, а со тоа го активираат телото да ги троши наталожените резерви. Зеленчук кој се препорачува: аспарагус, боранија, репка, прокељ, зелка, морков, карфиол, целер, ротквици, краставици, грашок, кинеска зелка, праз, марула, цикорија, спанаќ, домат. Овошје кое се препорачува: јаболка, капини, брусница, грејпфрут, лимон и лимета, малини. Зачини и лековити билки кои се препорачуваат: цимер, каранфилче, чили, коријандер, ленено семе, лук, ѓумбир, кромид, магдонос. Овие намирници имаат повеќе позитивни влијанија врз телото, а ова се само дел од нив: – Ја подобруваат работата на метаболизмот – Го зголемуваат нивото на енергија – Го стабилизираат нивото на шеќер во крвта – Го подобруваат варењето и чистењето на дебелото црево – Го чистат црниот дроб, со што варењето на масти е поефикасно – Ги спречуваат воспаленијата во телото – Го намалуваат нивото на холестерол во крвта – Ја подобруваат концентрацијата – Ги ублажуваат стресот, анксиозноста и депресијата – Го подобруваат сонот – Ја подмладуваат кожата, ја обновуваат косата и ги зајакнуваат ноктите Важно: За да дојде до значително губење на тежината неопходно е да јадете до 2 килограми од наведената храна. Треба да ја јадете свежа и непреработена. Блендирањето е дозволено само ако храната се јаде веднаш, а се прифаќа само сировиот облик на храната или кратко проварување. Исто така, оваа храна не би требало да ја консумирате заедно со мрсни, високо калорични или претерано слатки намирници.

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page