top of page

Колку време ни треба да се вљубиме?

  • rubinirubin
  • Feb 3, 2020
  • 1 min read



Дали верувате во љубов на прв поглед? Ако се земат во предвид резултатите од најновите истажувања, верувале ние или не, процесот на заљубување трае само 1/5 од секундата! Студиите покажале дека процесот на заљубување е сличен на оној кога некој користи кокаин. Кога лицето ќе се вљуби, 12 подрачја во мозокот почнуваат да работат заедно и да произведуваат допамин, адреналин, окситоцин и вазопресин, кои се ослободуваат во исто време. Овие хемиски супстаниции се одговорни за она будалесто и слатко чувство. Ова откритие го покренува прашањето дали се заљубува нашето срце или мозокот? Според мислењето на истражувачите од Универзитетот „Сиракуза”, тоа е навистина работа на мозокот, а не на срцето. Тоа го утврдиле со магнета резонанца на волонтери за да утврдат како се испуштаат споменатите супстанции кога ќе се заљуби. Заклучиле дека срцето е само концепт за кое ја врзуваме заљубеноста. Дури ефектот `пеперутки во стомакот` се само последица на активноста на мозокот и испуштањето адреналин.

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page