Кои професии им се најпривлечни на жените, а кои на мажите?
- rubinirubin
- Jun 18, 2020
- 1 min read

Повеќето луѓе кои имаат профили на страниците и апликациите за запознавање, во опис имаат истакнато и со која професија се занимаваат.
Затоа, од страницата за состанување „Badoo“, одлучиле да ја истражат поврзаноста на кариерата со потенцијалот за пронаоѓање партнер, а две професии се издвоиле како најпривлечни.
Според резултатите на нивното истражување, најпривлечна професија за жените е фризерка, а за мажите готвач. Во истражувањето учествувале мажи и жени на возраст од 18 до 30 години, кои ги користат услугите на „Badoo“ страницата, а во продолжение откријте кои други професии се нашле меѓу топ 5-те најпривлечни за двата пола. Се поклопува само една!
1. Фризерка; 2. Медицинска сестра; 3. Адвокатка; 4. Претприемачка; 5. Учителка.
1. Готвач; 2. Инженер; 3. Претприемач; 4. Експерт за маркетинг; 5. Уметник.
Сепак, овие резултати треба да се земат со резерва, бидејќи неодамна слично истражување е спроведено и на „Тиндер“, каде резултатите покажале дека мажите најмногу ги привлекуваат психотерапевтки, а жените пилоти.
Comments