Кобна грешка на многу готвачи: Ако го правите ова со пилешкото месо, го ризикувате здравјето
- rubinirubin
- Jul 27, 2021
- 1 min read

Свежото пилешко честопати е преполно со бактерии, како салмонела и хеликобактерии, а миењето со вода никако не помага да се ослободите од нив
Пилешкото е еден од омилените видови месо во многу домови, но многу домаќинки прават една грешка при приготвувањето која може да биде опасна по здравјето.
Имено, пред да го стават да се пече, најпрво го мијат пилешкото под млаз вода, мислејќи дека така ги отстрануваат бактериите од парчето месо.
Меѓутоа, оваа пракса е многу опасна! Сигурно се прашувате зошто… Имено, додека го миете пилешкото, бактериите се шират во мијалникот и на кујнските елементи, а можат да завршат и на вашата облека.
Па затоа, експертите нагласуваат дека единствениот сигурен начин за потполно уништување на бактериите е да го готвите пилешкото на соодветни температури.
Минималната температура за готвење пилешко треба да биде 165 степени Целзиусови.
Но готвачите не се согласни Дури и професионалните готвачи не делат исто мислење. Познатата готвачка Џулија Чајлд се залага за миење на пилешкото, додека Ина Гартен нагласува дека тоа не е потребно.
Comments