
Ви претставуваме рецепт за најмеките кифли што некогаш ќе ги направите.
Идеални се за појадок, но и за вечера или закуски. Подготовката е брза.
Состојки:
2 еднакви лажички сув квасец 250 мл млеко 2 лажички шеќер 700 гр брашно 1 лажичка сол 120 мл масло 3 јајца 200 гр сирење сусам јајце за обложување
Подготовка:
Ставете го квасецот и шеќерот во топло млеко, а потоа додадете го брашното и другите состојки. Месете го тестото и оставете го добро да кисне. Кога убаво ќе нарасне, расукајте го со сукало за да стане многу тенко. Се сече на ремени ширина од 2 до 3 см а потоа на подолги 10 см за да добиете правоаголници. Исечете ги добиените правоаголници на две или три места, и над нив ставете сирење. Завиткајте ги кифличките и ставете ги во плех за печење, па премачкајте ги со јајце и посипете ги со сусам. Печете ги кифлите на 200 степени додека не поруменат. Пријатно!
За полесна подготовка, погледнете го видеото:
Comments