Кафето може да помогне при слабеење, но само под еден услов
- rubinirubin
- Jul 8, 2021
- 1 min read

Состојките на омилениот црн пијалок дека имаат позитивен ефект врз намалувањето на телесните масти, докажаа истражувањата.
Малкумина од луѓето не го започнуваат денот со шолја црно кафе. Кревањето енергија, будењето и подготвувањето за соочување со секојдневните обврски се добрите страни на овој пијалок.
Честа дебата е тоа какво влијание има кафето врз човековото здравје, некои веруваат дека поголема конзумација на кафе се рефлектира како штетен ефект. Но сепак е поголем бројот на оние кои веруваат дека овој пијалок има корисни ефекти врз нашето здравје. Така, утврдено е дека тоа всушност го намалува ризикот од најчестите форми на карцином (дојка, дебелото црево, простата), кардиоваскуларни заболувања, дијабетес тип 2, Паркинсонова болест итн.
Дека жените кои уживаат во две или три шолји кафе на ден се склони на помалку маснотии во телото отколку оние кои поретко го пијат овој пијалок или пак воопшто не го пијат, е еден од најновите докажани студии на истражувањата.
Според научниците, причината е дека црното кафе содржи соединенија кои имаат силен ефект врз намалувањето на телесните масти и го поттикнуваат губењето на тежината.

Comments