top of page

Карамел коцки со ф’стаци




Уживајте во овие карамел залачиња …

Потребно е: за тестото: 200 г брашно 1/2 лажиче сода бикарбона 1/2 лажиче цимет 1 лажиче изрендана кора од лимон 1 јајце 80 г омекната свинска маст 80 г шеќер

за карамелот: 190 г путер 1 лименка кондензирано млеко 110 г шеќер 90 г ф’стаци 140 г лешници

Подготовка: – Прво подгответе го тестото. Во еден сад помешајте ги маста со шеќерот, па додадете го јајцето, циметот, кората од лимон и постепено додавајте го брашното помешано со сода бикарбоната. Замесете тесто. Оставете го да се одмори 15-тина минути во фрижидер.

– Ставете го во тава (21х34 см) обложена со хартија за печење и распредете го рамномерно со дебелина од околу 1 см. Ставете го да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени 20-25 минути. Оставете да се излади.

– Во меѓувреме  преминете на подготовка на карамелот. Кондензираното место помешајте го со шеќерот и путерот и ставете го да се вари 8 минути додека не се растопат шеќерот и путерот во него. Во врелото млеко додадете ги лешниците и ф’стаците.

– Карамел кремот нанесете го рамномерно на тестото. Тавата ставете ја во фрижидер додека да се стегне убаво карамел кремот.

– Извадете ја тавата од фрижидер и пресечете го колачот во облик на коцки или правоаголници.

 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page