Како за 12 минути да го зготвите најсочниот, а воедно и најкрцкавиот компир
- rubinirubin
- Sep 17, 2021
- 0 min read

Се подговуваат многу лесно, а на нивниот вкус нема да може да му одолеете.
Една од најздравите намирници на светот сигурно е компирот затоа што може да го подготвите на многу начини.
Голема предност е тоа што се подготвува многу брзо, а тоа веројатно е така затоа што има многу лесни и едноставни рецепти за негова подготовка.
Трикот е во додавањето лукче и мелена пиперка, а крцкавите компирчиња може да ви послужат и како додаток со било кое месо.
Состојки:
– 600 грама компир; – масло за јадење; – сув зачин или пак сол; – лукче; – 1 лажица црвена мелена пиперка; – малку оригано.
Подготовка:
Излупете го компирот па исечете го на коцки и варете го 10-12 минути. Исцедете го, па во него додадете малку масло за јадење, мелената пиперка, ориганото, зачините, лукчето и сето тоа измешајте го убаво.
Загрејте масло за јадење во тава, па компирите ставете ги во врелото масло и пропржете ги со лесно мешање додека не заруменат и не станат крцавви – тогаш се наслатки.
Сервирајте го како додаток во некое месо.
Comments