top of page

Изненадување! Направете фина пица од тава за само 15 минути!


Ако го имате подготвено тестото, до пицата има само 15 минути – и најдобро од сè, не ви треба ни рерна. Најдобар избор е тава од леано железо што ја задржува топлината долго и рамномерно, но ќе служи и која било друга. Ако имате тава што не се лепи до дното, тогаш не ви треба масло.

Тестото за пица можете да го купите во пекара, или сами да го направите по рецепт, а треба да одвоите само половина час.

Прво развлечете го тестото на набрашнета работна површина и ставете го во загреана тава. Можете исто така да ја подмачкате тавата ако дното се залепи. Се пече поклопено на средна топлина околу 3-4 минути. Ќе се појават меурчиња, а дното само малку ќе се затемни.

Свртете го тестото на другата страна и печете уште две до три минути. Потоа премачкајте го тестото со сос од домати и други омилени додатоци како рендано сирење, шунка, пармезан и зеленчук како пиперки или кромид и посипете ги со листови босилек по желба. Покријте ја тавата, исклучете ја топлината и оставете неколку минути додека да се растопи кашкавалот, околу пет минути.



 

Opmerkingen


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page