top of page

Избегнувате да јадете киви бидејќи ве мрзи да ги лупите? Ова не сте го знаеле, а многу е важно!

  • rubinirubin
  • Jan 16, 2020
  • 1 min read


Една од омилените состојки на витаминското смути и совршен додаток на лути маргарити е специфичното овошје киви. Меѓутоа, многумина го избегнуваат поради чистење, бидејќи може да одземе многу време, ако не сте вешти во тоа. Така се дошло до поставување на прашањето- дали ова овошје може да се јаде како јаболко? Едноставно да го измиете и веднаш да почнете да го јадете заедно со кората, и не би ви одземало многу време. Одлучивме да дознаеме дали е тоа можно. Дали кивите може да се јадат со кора? Се разбира. Кората на кивите е целосно јадлива и заедно со месото на овошјето дополнително внесува хранливи материи во организмот. Многу ги јадат така затоа што е ефикасно и брзо, а покрај тоа и една студија открила дека во кората се наоѓаат двојно повеќе влакна отколку во самото месо. Дали е вкусно? Косата на кората е ”големо не” за многу луѓе, додека други велат дека ситуацијата е слична како кај праската. Што се однесува на вкусот, го има истиот како и месото на овошјето! Како да се јаде? Едноставно измијте го и гризете како јаболко или целиот плод ставете го во блендер при правење на смути. Се разбира, секогаш со помош на крпа или нож можете да ги отстраните малите влакна, ако ви сметаат.

コメント


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page