top of page

Идеја за појадок: Домашни кифлички со еурокрем

  • rubinirubin
  • Aug 26, 2021
  • 1 min read

Идеја што да подготвите за денешниот појадок.

Потребни состојки:

400 мл јогурт

400 мл топла вода

100 мл масло

1 квасец

1 лажичка шеќер

2 лажички сол

Околу 1,5 кг брашно

Начин на подготовка:

Измешајте ги течните состојки со квасецот, па додајте ги сувите. По желба додадете малку повеќе шеќер во тестото доколку сакате поблаго тесто. Постепено додавајте брашно, најпрво мешајте со лажица или маталка, па замесете меко тесто. Оставете го тестото да се удвои на топло. Поделете го тестото на повеќе делови и од секој дел расукајте правоаголна или округла кора. Исечете на помали триаголни делови и на поширокиот дел ставајте фил по желба. Завиткајте ги кифличките(убаво притиснете ги краевите), премачкајте со јајце и печете ги на 200-220 степени околу 15 минути. Топли премачкајте ги со путер, маргарин или масло.

Commentaires


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page