top of page

Идеја за најсочниот ручек: Запечен карфиол со павлака и кашкавал кој се топи во уста


Сочно и вкусно јадење кое цело семејство веднаш ќе го засака.

Состојки:

– 1 карфиол; – 100 милилитри млеко; – пилешка коцка за супа; – 250 милилитри павлака за готвење; – 200 грама кашкавал; – 2 лажици презла; – прстофат сол; – прстофат бибер; – 1 лажица црвен пипер; – 50 грама путер.

Подготовка:

Ставете го млекото да зоврие со половина литар вода и коцката за супа. Од карфиолот одвојте ги крупните делови, па ставете ги во течноста и варете 5 минути.

Садот за печење намачкајте го со путер, ставете ги парчињата карфиол, па додадете над нив рендан кашкавал и презла.

Прелијте со павлака, посолете, ставете бибер и црвената пиперка.

Печете 15 минути во рерна загреана на 180 степени Целзиусови.

 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page