top of page

Идеја за десерт: Чоколадна торта


Пробајте го овој рецепт за вкусна чоколадна торта.

Потребни состојки:

За фил

8 жолтки

100 г шеќер

2 пакетчиња ванилин шеќер

150 г чоколадо

200 г путер

1 ќесичка шлаг

За кора

8 белки

6 големи лажици шеќер

150 г мелени ореви

8 големи лажици брашно

Начин на подготовка:

Жолтките, шеќерот и ванилиниот шеќер изматете ги и варете ги на пареа околу 10 минути. Додајте исечкано чоколадо и мешајте додека да се растопи. Оставете малку за да се излади, па додајте ја во изматен путер на собна температура. Во истата смеса додајте го изматениот шлаг. Оставете го филот во фрижидер.

Изматете ги белките и додајте малку сол, додајте го шеќерот и изматете. Додајте ги оревите и брашното промешано со прашок за печиво. Печете во тава обложена со хартија за печење. Исечете ги корите на 3 дела за да добиете 3 еднакви правоаголници.

На пареа истопете 100 г чоколадо со 3 лажици масло. Откако ќе ја тргнете од оган, додајте една лажица маргарин. Секоја кора премачкајте ја со фил, а одозгора прелијте со растопеното чоколадо.

 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page