top of page

Идеја за десерт: Хималајска пита со капини

  • rubinirubin
  • Mar 8, 2020
  • 1 min read


Еве што ви е потребно за да ја подготвите хималајската пита со капини.

Состојки:

Четири шолји капини

¾ шолји мед

Лажица лимонов сок

Три лажици скроб од тапиока

Два лажици путер плус 115 гр. путер

Лажичка сол

Осум-десет лажици студена вода

Начин на подготовка:

Направите тесто така што ќе изматите 115 гр. путер, 2 ¼ шолја брашно и лажица сол. Во смесата додајте вода, по една лажица, па после секое додавање матете- додајте додека тестото да се собере на едно место. Потоа, поделете го на половина, развлечете го во круг и оставете го половина час во фрижидер.

Загрејте ја рерната на 190 степени, а капините измијте ги и исцедете ги.

Во поголем сад промешајте капини, мед, лимон, скроб од тапиока, а може да додадете и шеќер во прав. Оставете ја смесата да отстои околу 15 минути, за да се соединат вкусовите.

Обложете го тавчето со хартија за печење и на него ставете една половина од тестото.

Одозгора ставете ја смесата од мед и капини, а потоа намачкајте ги краевите со лажица путер, ставете преку другата половина и спојте ги краевите.

По желба, тестото намачкајте го со млеко и наросете шеќер. Печете околу 40-45 минути.

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page