top of page

Идеален „брзински“ десерт: Посен колач од јаболка и кокос кој мами со изглед и со вкус!


Потребно е:

15 лажици пченичен гриз, 15 лажици вода, 12 лажици бело брашно, 12 лажици масло, 1 лажичка сода бикарбона, 5 јаболка, 100 гр кокос, 50 ​​гр суво грозје

За шербет:

1 шолја 250 мл шеќер, 2 чаши 250 мл вода, 1 кесичка ванилин шеќер

За премачкување: 3 лажици џем по избор

Подготовка:

Јаболкото излупете го и изрендајте го на поголемо ренде, па оставете го да отстои малку додека го подготвувате тестото. Во длабок сад ставете вода, па гриз и измешајте да се соедини. Додадете масло и брашно, па повторно измешајте за да добиете хомогена смеса. На крај додадете ги ренданите јаболка, половина кесичка кокос, ванилиниот шеќер и грозјето кое претходно сте го потопиле во топла вода. Сè убаво измешајте и ставете во тава подмачкана со масло, па оставете да отстои еден час. Загрејте ја рерната на 180 степени и ставете го колачот да се пече 30 минути, а потоа намалете ја температурата на 150 и печете уште 15 минути. Додека се пече колачот, направете го шербетот со варење на шеќерот и водата пет минути. Не треба да биде густ шербет како за баклава. Кога колачот ќе се излади, прелијте го шербетот, и почекајте колачот да го впие. Тортата премачкајте ја со џемот по избор и исечете. На крај посипете го со преостанатиот кокос.

 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page