top of page

Зошто во некои ресторани добивате леб пред храната која сте ја нарачале?

  • rubinirubin
  • Jul 29, 2021
  • 1 min read

ree

Дали некогаш сте се зачудиле кога на масата во ресторан или кафана ќе ви донесат порција леб, пред да ви пристигне храната која сте ја нарачале? Готвачот Рас Адамс од Вашингтон објасни дека не се работи за случајност или фин гест без позадина. Тој вели дека лебот и печивата кои се послужуваат како предјадење имаат повеќе намени.

Прво, поентата е да ожедните. Жедните луѓе нарачуваат повеќе пијалаци од очекуваното. Второ, лебот или печивото во каков и да е облик, ја поттикнува работата на желудникот, односно ви отвора апетит и ве прави уште погладни. Третата причина е малку да ги растеретите келнерите додека тие ви го подготвуваат она што сте го порачале. На последно место е надежта дека ќе оставите бакшиш плус, со оглед на тоа што сте добиле нешто „гратис.“

 
 
 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page