
Подгответе ја оваа вкусна и богата супа за да си ја стоплите душата во овие студени зимски денови …
Потребно е: 250 г шарен грав (може и од конзерва) 300 г наут 200 г пченка (од конзерва) 2-3 компири 200 г домати од конзерва (пелати) 100 г панцета 3 чешниња лук магдонос 1 лист целер сол и бибер ловоров лист мелен сув зачин
Подготовка: – Ситно исецкајте ги или пак сомелете ги сувата панцета, лукот, листот целер, магдоносот.
– Наутот потопете го во вода и оставете го да стои преку ноќ. Гравот исто така потопете го во вода и оставете го да стои 4 часа.
– Потоа ставете ги да се варат и кога ќе почне водата да врие истуретеја и ставете нова.
– Ставете ги повторно да се варат и кога водата ќе почне да врие додадете ја смесата од зачини и панцета која претходно ја подготвивте и мелен сув зачин и оставете да се вари.
– Кога гравот и наутот омекнат, но не сосема додадете ги компирите исецкани на коцки, исецканите домати пелати, листот од ловор, пченката и бибер.
– Кога сите состојки ќе омекнат по потреба додадете сол и уште сецкан свеж магдонос.
Совет: По желба гравот и наутот може да ги испасирате.
Commentaires