top of page

Зелениот чај носи многу придобивки, но има и една МРАЧНА СТРАНА која мора да ја знаете


Освен многуте здравствени придобивки, зелениот чај има и своја „мрачна страна“. Имено, тој може да ја намали ефикасноста на одредени лекови, па затоа бидете претпазливи.

Зелениот чај за многумина е здрава алтернатива за утринското кафе и во овој напиток уживаат се повеќе луѓе во нашите краишта. Лицата кои редовно го конзумираат знаат дека зелениот чај го забавува напредокот на рак на простатата, штити од грип, го ублажува стресот и заморот, го намалува вкупното ниво на холестерол, штити од болестите на срцето, го забрзува слабеењето и топењето на масните наслаги, меѓутоа сега истражувачите предупредуваат дека неговата конзумација може да има и негативна страна.

Имено, уживањето во зелениот чај го нарушува ефектот на лековите за хипертензија.

Зелениот чај содржи танин, кој може да ја ограничи апсорцијата на железо од овошјето и зеленчукот. Затоа, ако чајот го пиете со лимон (витамин Ц) ќе го поништите овој резултат.

Зелениот чај не смее да се комбинира со различни лекови, токму поради тоа што содржи кофеин. За да знаете дали тој и пречи на вашата терапија која ја земате, прочитајте во упатството на лековите или посоветувајте се со вашиот доктор, особено ако имате подолга историја на болести.

 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page