За сите домаќинки, вкусно и брзо: Плескавици од леќа
- rubinirubin
- Jan 10, 2020
- 1 min read

… со фин прелив од кисела павлака и сок од лимета. Потребно е: 1 луто црвено пиперче, ситно исецкано 2 чешниња лук, ситно сецкани или згмечени 1 помала главица кромид, ситно сецкан 1 морков, исецкан на коцкички 250 г варена леќа 1 јајце + 1 белка, изматена 1/4 чаша (од 250 мл) лебни трошки 1 лажица ким 1 лажица маслиново масло за преливот: сок од 2 лимети 4 полни лажици кисела павлака сол Подготовка: – На загреано масло пропржете ги лутото пиперче, кромидот, лукот и морковот додека не омекнат. Потоа оваа смеса помешајте ја со сварената леќа и додадете го јајцето, лебните трошки и кимот. Смесата треба да биде доста влажна и малку леплива. – Земајте од смеасата со лажица и со раце формирајте топчиња. Потоа слескајте ги како плескавици (од оваа количина намирници треба да добиете 9 плескавици). – Ставете ги да се пржат на загреано маслиново масло да добијат коричка и да поруменат од двете страни. – Сега преминете на подготовка на преливот. Измешајте ја киселата павлака со сокот од лиметите и посолете по вкус. Сервирање: На секоја плескавица од леќа ставете по малку од преливот од павлака и послужете. По желба одозгора можете да посипете со сецкан свеж магдонос.
Comments