top of page

Заспала, а кога се разбудила веќе била мајка: Се породила без да знае дека е бремена



Британката Ебони Стивенсон заспала со мачнина и се разбудила четири дена подоцна, а на нејзино големо изненадување – веќе била мајка. Имено, тинејџерката од градот Олдам дури не ни знаела дека е бремена, од причина што има две матки. Едната продолжила со менструалните циклуси, па немало никакво навестување… Освен тоа, тинејџерката немала изразени признаци за бременост, оти матката со плодот ѝ била поблиску до грбот, објави Би Би Си. На 2 декември Стивенсон си легнала со главоболки и лесна мачнина. Оттогаш, таа не се сеќава на ништо, но мајка ѝ ја нашла без свест во бањата и повикала брза помош. Во болницата ја породиле со царски рез. На 6 декември, Ебони дошла при свест и дури тогаш дознала дека има дете, односно ќерка. Бебето било тешко 3,450 килограми и се родило навреме, во деветтиот месец.

 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page