
Оваа салата може да ја искористите и како замена за руска салата на вашите прослави, но е одлична за појадок или вкусна вечера.
Потребни состојки:
150 грама варено пилешко месо 100 грама динстани шампињони 100 грама варен ориз сол 200 грама павлака семе од сончоглед мелен лен мелен сусам
Вареното пилешко ситно исецкајте го, а динстаните шампињони исецкајте ги на листови. Измешајте го месото, оризот, шампињоните, посолете, додадете ја павлаката и се’ убаво соединете.
На крај зачинете со сончоглед, лен, сусам или семе по ваш вкус.
Comments