Едноставен посен колач со ЧОКОЛАДО и БИСКВИТИ
- rubinirubin
- Aug 22, 2022
- 1 min read

Ова е посен десерт кој ќе го обожаваат оние кои не постат.
И за време на постот не треба да се занемари желбата за слатки. Затоа ви претставуваме рецепт за едноставна торта со чоколадо и бисквити, која се подготвува брзо.
СОСТОЈКИ:
200 грама посни бисквити 200 грама чоколадо за готвење 100 грама посен маргарин половина чаша млеко од соја или вода (по избор) 6 лажици шеќер 100 грама печени мелени лешници 50 грама кокос 2 лажици какао во прав
Подготовка:
Во подлабок сад искршете ги бисквитите на поголеми парчиња, додадете ги лешниците и промешајте. Во тавче на тивок оган истурете млеко од соја или вода, маргаринот исечкан на коцки и издробената чоколада за готвење и мешајте додека не се стопат сите состојки.
Кога ќе се стопат состојките се оставаат на оган додека смесата не зоврие. Кога ќе зоврие со смесата прелијте ги бисквитите и лешниците и убаво измешајте ги сите состојки. Потоа смесата за колачот истурете ја во калап или плех и израмнете ја тортата со лажица.
Comments