top of page

Единствено е – никој не може да го опише чувството како е да се стане мајка

  • rubinirubin
  • Jun 6, 2020
  • 1 min read


Не, никој не може да го опише ваквото чувство.

Секое движење во стомакот, секој миг, под моето срце. Моите солзи додека ја подготвувам облеката, стравот, возбудата која доаѓа, желбата се да биде добро. Сликите кои ги поставуваме на ѕидот. Малите играчки кои ќе те пречекаат кога ќе дојдеш во собата.

Станувам најголемата плашливка на светот.

Никој не можеше да ми го опише ова чувство. Ја прашав мајка ми и баба ми, и моите другарки. Сите велеа дека е единствено, нешто што никогаш не се повторува, не знаев што значи тоа. Мислев дека претеруваат.

Кога те раѓав, станав најхрабрата жена на светот. Кога те земав во раце и кога го почувствував твојот мирис, сфатив зошто вреди да се живее на овој свет.

Како да се родив повторно.

Не се нервирам за стриите, испуканата кожа, поголемиот број на килограми. Не мислам на тоа во овој момент.

Те чекавме со години, ти си нашиот борец. Ни подари среќа која ниту еден писател не може да ја опише. Никогаш.

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page