top of page

Едвај останало живо: 6-годишно дете се опијанило од ракија, таткото законски ќе одговара



Хрватското обвинителство од градот Чаковец покрена обвинение против татко, кој дозволил неговото 6-годишно дете толку да се опијани, што едвај го спасиле во болницата. Таткото бил пијан, па не забележал дека момчето пие од ракијата заедно со него. Обвинителството го товари 31- годишниот татко за грубо нарушување на правата на децата затоа што го довел во алкохолизирана состојба и не внимавал како 6-годишното момче од масата земало алкохол. Набргу му се слошило на детето и било однесено со брза помош во болница, каде докторите му го спасувале животот. Таткото ќе одговара кривично за запуштање на своето дете.

 

Commenti


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page