Домашни кифлички
- rubinirubin
- Dec 4, 2022
- 1 min read

Меко и многу вкусно пециво.
Состојки:
1/2 кг брашно1 сув квасец2 лажички шеќер2 лажички сол150 мл масло1 цело јајце и 1 белка160 мл млеко
За премачкување:
1 жолчка од јајце2 лажици млеко
Подготовка:
Измешајте го брашното со сите суви состојки.
Загрејте го млекото, па додајте ја смесата со брашно како и маслото, јајцето, белките и месете убаво додека тестото не почне да се одвојува од садот.
Оставете да отстои 30 минути.
Подгответе плех обложен со хартија за печење. Тестото ставете го во малку масло и поделете го на 16 еднакви делови и расукајте го, па завиткајте кифлички и ставете ги на плех.
Оставете да отстојат 20 минути.
Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени.
Секоја кифличка премачкајте ја со мешавина од жолчка и млеко и печете 20 до 25 минути до саканата златна/кафеава боја.
Comments