top of page

Домашни кифлички


Меко и многу вкусно пециво.

Состојки:

1/2 кг брашно 1 сув квасец 2 лажички шеќер 2 лажички сол 150 мл масло 1 цело јајце и 1 белка 160 мл млеко

За премачкување:

1 жолчка од јајце 2 лажици млеко

Подготовка:

Измешајте го брашното со сите суви состојки.

Загрејте го млекото, па додајте ја смесата со брашно како и маслото, јајцето, белките и месете убаво додека тестото не почне да се одвојува од садот.

Оставете да отстои 30 минути.

Подгответе плех обложен со хартија за печење. Тестото ставете го во малку масло и поделете го на 16 еднакви делови и расукајте го, па завиткајте кифлички и ставете ги на плех.

Оставете да отстојат 20 минути.

Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени.

Секоја кифличка премачкајте ја со мешавина од жолчка и млеко и печете 20 до 25 минути до саканата златна/кафеава боја.

 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page