top of page

Домашна нутела

  • rubinirubin
  • Oct 3, 2021
  • 0 min read

Неодолив чоколаден крем од лешник кој, кога ќе го видите, зборот „диета“ ви станува сосема непознат.

Потребно е:

100 г лешници, без лушпа и тостирани во рерна 50 г квалитетно црно чоколадо со 70% какао маса 50 г млечно чоколадо 1 лажица какао 1/2 стапче ванила (може и 1 лажичка екстракт од ванила) 1 лажица масло за јадење

Подготовка:

Лешниците ставете ги во блендер и измиксирајте ги. Земете едно тенџере, наполнете го со вода и оставете водата да зоврие. Над него ставете сад и на пареа топете ги чоколадите. Кога ќе се стопат, додадете ги какаото и ванилата. Мешајте додека не добиете убава смеса. Потоа, во смесата додајте ја миксираната смеса од лешници. Ставете го маслото и мешајте сè додека да се поврзе смесата. Кремот претурете го во стерилизирана тегличка и оставете го еден ден во фрижидер да се стегне.

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page