top of page

Домашен ликер од јајца – eggnog – по рецептот на Марта Стјуарт!


Ликерот од јајца, попознат по оригиналното име eggnog, е особено популарен во зимската сезона – непосредно пред празниците. Не е напорно или тешко да се подготви, но потребно е добро да се излади пред послужување.

Познатата готвачка Марта Стјуарт има одличен рецепт за домашен eggnog!

Идеално е да го послужите во тавче, а можете да го послужите со цимет, слатка павлака, морско оревче …

Состојки:

6 жолчки 2 белки 700 мл млеко 250 мл слатка павлака 60 мл рум 60 мл бурбон 340 мл коњак 150 гр шеќер морско оревче прстофат сол

Подготовка:

Изматете ги жолчките со 100 гр шеќер неколку минути.

Загрејте го млекото на оган, со додавање сол. Кога е врело, додадете го во смесата од шеќерот и јајцата и постојано мешајте (внимавајте да не ги зготвите јајцата, додавајте полека). Вратете го на шпорет и варете неколку минути додека не се згусне.

Процедете и истурете во голема тава.

Додадете слатка павлака и целиот алкохол. Покријте и оставете преку ноќ во фрижидер.

Следниот ден изматете ги белките со остатокот од шеќерот. Кога смесата ќе се изедначи и ќе се стопи шеќерот, тргнете ја од оган и изматете во цврстиот снег. Нежно промешајте во изладената смеса.

 

Comentarios


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page