Дознајте колку калории има во алкохолните пијалоци, еве што треба да избегнувате
- rubinirubin
- Nov 12, 2021
- 1 min read

Половина литар пиво има околу 240 калории и сега замислете да пиете четири пива во текот на вечерта, тоа е како да јадете две чоколади од 100 грама.
Затоа, ако сте на диета, внимавајте што пиете и во кои количини, односно броете калории како со храната.
Имено, нашето тело го регистрира алкохолот како отров, па затоа се обидува што побрзо да го претвори во нешто помалку штетно – во вишок енергија што се претвора во маснотии што се акумулира на стомакот кај мажите и на бутовите кај жените.
Еден од нискокалоричните коктели е џин тоник (со тоник без шеќер) – 64 калории, вотка-џус 60 калории и чаша бело вино 160 калории.
Список на калории во 100 мл други алкохолни пијалоци:
Шампањ – 85 калории Бело вино – 85 Црвено вино – 80 Коњак 38% алкохол – 230 Коњак 50% алкохол – 375 Ликери – 250 Ракија 25% алкохол – 175 Ракија 33% алкохол – 195 Ракија 50% алкохол – 350 Рум 40% алкохол – 280 Бренди – 40 % алкохол – 230 Вињак – 250 Виски – 250 Вотка – 230
Калории во коктели:
Long Island Ice Tea – 780 калории
Margarita – 740
Pina Colada – 644
White Russian – 425
Mai Tai – 350
French 75 – 250
Fog Cutter – 225
Mojito – 160
Cosmopolitan – 150
Comments