top of page

Дозволете им на лошите работи си отидат за да направат место за подобрите



Пред нас се многу подобри работи од оние кои ги оставаме позади себе. – Ц. С. Луис.

Научивме да веруваме дека подобрите денови се позади нас, дека минатото е подобро од иднината бидејќи ни е познато и грчевито и силно се држиме за него. Затоа и стануваме жртви на стари и расипани врски и пријателства и не си даваме простор за нови луѓе во нашиот живот.

Но, не си дозволуваме да научиме важни лекции.

Губиме добри луѓе, но запознаваме многу подобри од нив. Мислиме дека  никогаш нема да најдеме врска како онаа која сме ја изгубиле, а всушност вистинската љубов е таа која чека на нас. Мислиме дека нема никому да се допаднеме така како што сме се допаднале некому некогаш порано. Се плашиме од иднината, само поради тоа што ни е нејасна и непозната.

Но, таа е секогаш поубава од минатото.

Животот постојано се менува, а се менуваат и луѓето и работите околу нас. Понекогаш ни е тешко да се натераме да направиме промена  или да се прилагодиме на некои нови работи, но штом им дозволиме да се случат, ќе си потврдиме дека навистина иднината ни носи убави нешта.

На нас останува дали ќе се држиме цврсто до минатото или пак ќе и оставиме простор на иднината да ни донесе убави нешта. На нас останува дали на иднината ќе гледаме како проклетство или благослов. Гледајте на крајот како нов почеток и дајте си шанса да бидете повторно среќни.

Иднината носи и лоши денови, но пред се таа носи нови луѓе и убави денови. Пречекајте ја со раширени раце. Дозволете си да се изненадите себеси.

 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page