Додека уште имате по некоја тегла по дома: Туна салата со ајвар
- rubinirubin
- Jan 10, 2020
- 1 min read

Додека уште имате по некоја тегла од минатогодишниот ајвар … Потребно е: 2 големи конзерви туна во парченца 8 лажици ајвар 4 лажици сенф 1 главица кромид, ситно сецкан 3 чешниња лук, истолчени 3 кисели краставички, ситно сецкани магдонос бибер Подготовка: – Исецкајте ги краставичките, кромидот и истолчете го лукот. – Соединете ги сите состојки, додадете сецкан магдонос и бибер по вкус. – Пред да ја послужите оваа вкусна салата ставете ја во ладилник да стои неколку часа.
Comments