top of page

Директно од серијата Sex and the City: Рецепт за њујоршката земичка со лосос

  • rubinirubin
  • Jun 3, 2020
  • 1 min read


Не мора да го посетите Њујорк за да го вкусите најубавиот специјалитет на оваа светска метропола. А тоа е специјалитет кој секој прав њујорчанец го обожава.

Потребни состојки: Земичка: – 200 гр брашно – 30 гр путер – 1 јајце – млеко по потреба – 1 коцка квасец – сол – шеќер – сусам Намаз: – 100 гр кремсир – 100 гр пушен лосос – 100 гр јогурт или павлака – 1 лажичка капaр – власец – бибер – рендана кора од лимон – зелена салата

Подготовка:

Измешајте го квасецот со лажица шеќер и брашно, а потоа додадете малку загреано млеко и оставете го квасецот на нарасне. Од брашно, малку сол, растопен путер, квасец и загреаното млеко (доколку е потребно) замесете меко тесто.

Оставете го покриено околу половина час да нарасне. Потоа промесете го и поделете го на 4 дела. Направете дупка во средината и ставете стап или друг цилиндричен предмет со дијаметар од околу 2 сантиметра. Оставете ги околу половина час на топло, да нараснат. Внимателно извлечете го стапчето и ставете го тестото во врела вода. Гответе една минута, а потоа извадете го внимателно. Ставете ги во подмачкана тава обложена со хартија за печење.

Премачкајте со матено јајце, посипете со сусам и печете 20 минути на 200 степени. Со миксер измешајте кремсир, јогурт, половина од лососот, капар, власец и бибер. Додадете ја ренданата кора од лимон и промешајте. Остатокот од лососот исечкајте го на помали парчиња. Исечете ги испечените и изладените земички на половина. Ставете лист од зелена салата на долниот дел од земичката, нанесете од намазот, ставете лосос и покријте ја со другата половина од земичката.

Comentarios


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page