
Совршен десерт во кој ќе ужива целото семејство! Состојки: 450 гр. маскарпоне Три лажици шеќер 12 пишкоти ¾ шолја кафе Лажица рум 100 гр. шлаг Малку какао Начин на подготовка: Промешајте го маскарпонето со шеќер, за да се соединат. Пишкотите потопете ги во течноста од кафе и рум. Во стаклена чаша сипете малку маскарпоне, па ставете малку пишкоти (скршете ја секоја пишкота на два-три дела). Редете додека состојките се истрошат. Одозгора украсете со шлаг и наросете какао.
Comments