
Доколку сакате да ги засладите и воодушевите вашите малечки, овој мус од јагоди е вистинскиот избор.
Со оглед на тоа дека полека влегуваме во сезоната на јагоди, сигурни сме дека од ова вкусно овошје ќе посакате да направите еден деликатес.
Станува збор за мус од јагоди, кој ќе го воодушеви целото семејство.
СОСТОЈКИ:
500 мл слатка павлака500 гр исчистени јагоди100 гр шеќер во правлажица арома од ванила200 гр мелени бисквити70 гр стопен путерчоколадни трошки за декорација
ПОДГОТОВКА:
Измијте ги и испасирајте ги јагодите, а слатката павлака изматете ја со додавање на шеќер. Во шлагот сипете ја аромата на ванила, а потоа полека изблендираните јагоди мешајќи да добиете едноличен крем. Растопете го путерот, додадете ги бисквитите, убаво соединете и со оваа смеса покријте го дното на чашата за сервирање. Прелијте ја пената и украсете со павлака и чоколадни трошки.
Comments