Денеска е Св. пророк Јона, еве зошто е многу важен
- rubinirubin
- Oct 5, 2021
- 0 min read

Овој пророк живееше околу 800 години пред Христа и еден е од еврејските пророци. Посебно е важен зашто има една епизода од неговиот живот која е праслика на Христовото воскресение.
Таа епизода Црквата постојано ја воспева во своите служби, особено во воскресните денови.
Се работи за Јониниот тридневен престој во утробата на еден кит и неговото избавување од утробата на китот, исто како што Христос три дена престојуваше во утробата на земјата и стана од мртвите, бидејќи земјата не можеше да го запре врутокот на божествениот живот.
За него може поопширно да се прочита во Книгата на пророк Јона, во Стариот завет.
Comments