top of page

Дали се крстите кога минувате пред црква: Откриено е дали ова е механично дејство или христијански

  • rubinirubin
  • Jan 20, 2020
  • 1 min read


Додека едни сметаат како механичко дејство кое нема никаква поврзаност со религијата или со Бог, други овој чин го сметаат како израз на почит спрема светоста и религијата. Прашањето кое се наметнува е дали ова нешто е минливо, феномен прифатен од мнозинството или христијански чин? -Мислам дека овој чин е тотално христијански. Оној кој ќе осети потреба на тој начин, дури и за момент да се приближи до Бог, не прави ништо лошо. Крстот има две „линии“. Хоризонталната и вертикалната ја претставуваат и симболизираат љубовта спрема Бога, изјави свештеникот Ѓурѓевиќ. Од друга страна, социологот Ратко Божовиќ смета дека ова дело е вид на невербална комуникација, навика и механичка реакција. -Мислам дека тоа е форма на навика или механичка реакција. Младите порано тоа не го правеле, а сега ги гледаме масовно како се крстат на јавни места. Тоа сигурно го имаат научено од постарите. Сепак, сфаќам дека кај поединци, сево ова е од психичката состојба. На овој начин се манифестира многу љубов кон Бог. Тоа е некаква емпатија, сензуалност, емоција…, објаснува социологот.

Bình luận


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page