
Полн е со витамини, влакна, минерали, а е многу хранливо и ви дава енергија. Не само што се лесно се подготвува, туку е одличен сојузник во чување на здравјето на косата и кожата.
Потребно:
* 5 до 7 парчиња суви сливи* 2 лажици овесни снегулки* 1 чаша јогурт или ќефир со ниска масленост* 1 лажица ленено масло* 1 лажичка какао
Подготовка:
Сувите сливи ставете ги во 100 мл зовриена вода и оставете да отстојат околу 10-15 минути. Измешајте го какаото, лененото масло и овесните снегулки во друг сад. Додајте чаша јогурт и добро измешајте.
Сувите сливи исечете ги и додадете ги во останатите состојки. Промешајте и оставете во фрижидер да отстои преку ноќ. Наутро ќе имате освежителен и здрав напиток.
Сувите сливи се одличен извор на витамини Ц, А и К, но и многу други минерало. Леленото масло е богато со омега 3, витамин Е, антиоксиданти, во и влакна. Овесните снегулки се многу нутритивни и богати со витамини и минерали неопходни за организмот.
Comments