Ги буди сите сетила и грее во студените денови: Рецепт за неодоливо топло чоколадо
- rubinirubin
- Sep 22, 2021
- 0 min read

Со неколку „магични“ трикови, топлото чоколадо ќе биде волшебно и неодоливо, а ќе го сакаат сите.
Ова се некои од советите за најдоброто топло чоколадо кое што може сами да си го направите дома.
Без оглед кој вид млеко, чоколадо и вкус го сакате, сепак побарајте ги оние кои што нудат врвен квалитет. Квалитетното чоколадо навистина прави разлика во напитокот.
Обидете се со шлаг…
– Помешајте една лажичка прашок за шлаг; – 2 лажички шеќер во прав; – половина лажичка арома по избор, на пример ванила.
Сè добро измешајте, па додадете го во претходно подготвеното топло чоколадо.
Млекото исто така е многу важно. Колку е поголема содржината на мастите во млекото, толку топлото чоколадо ќе биде покремасто.
Потоа, мора да внимавате и на температурата. Полека, рамномерно загревајте го млекото, често мешајте и немојте да брзате со постапката.
Commentaires