top of page

Во колку часот е вистинско време за појадок?

  • rubinirubin
  • Sep 30, 2021
  • 0 min read

Појадокот традиционално се смета за најважен оброк во денот, а тоа и не е толку изненадувачки бидејќи токму со него започнува работата на нашиот дигестивен систем.

Тоа значи дека појадокот мора да биде од максимална корист за организмот. Добриот појадок може да ви помогне да ја контролирате гладта во текот на денот, па дури и да изгубите вишок килограми. Со оглед на тоа што повеќе пати досега сме пишувале што треба да се појадува, овојпат ви откриваме кога е најдобро да му се посветите на првиот оброк во денот.

Идеалниот појадок би требало да биде најмалку 10 до 12 часа по последниот оброк. Тоа значи дека ако сте вечерале во 20 часот, најдобро време за оброк следниот ден за вас ќе биде во 8 часот наутро. Најдобро време за појадок е помеѓу 7 и 9 часот, или ако станувате подоцна, во рок од 2 часа по станувањето. Таквата рутина помага во одржување на дигестивниот систем и контрола на нивото на шеќер во крвта.

Ако немате апетит наутро, тогаш дефинитивно не треба да се форсирате па дури и ако станувате многу рано. Сепак, треба да се погрижите во случај да огладнете, да имате можност да изедете здрав и обилен оброк каде и да се наоѓате бидејќи во спротивно едноставно нема да имате доволно енергија за целиот ден.

Експертите советуваат избирање на храна со висока содржина на протеини за појадок. Прво, таа ќе ви понуди идеално чувство на ситост, а е корисна и за губење на вишокот килограми бидејќи го намалува ризикот од таложење на масти во телото. Кога станува збор за јаглехидратите, ниту нив не треба во целост да ги исклучите од исхраната па дури и кога се придржувате до диетален режим, бидејќи тие му ја обезбедуваат потребната енергија на телото.

Commentaires


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page