top of page

Воздушести јапонски палачинки на кои никој не може да им одолее!

  • rubinirubin
  • Nov 27, 2022
  • 1 min read

Јапонските палачинки се толку меки што многумина ги нарекуваат палачинки суфле, а овој основен рецепт сличен на оној за американските палачинки може да се збогати на безброј начини: наполнете ги со џем или крем со шприц, послужете ги посипани со сирупи и преливи, соединете ги со сезонско овошје..

Состојки:

200 грама брашно3 лажици кристален шеќер2 лажички прашок за пецивополовина лажичка сол300 милилитри млекополовина лажичка екстракт од ванила2 јајца

Подготовка:

Одделете ги жолчките од белките, па изматете ги со жица. Потоа додадете брашно, прашок за пециво, сол, екстракт од ванила и млеко. Сè добро измешајте.

Во посебен сад со миксер изматете ги белките, постепено додавајќи шеќер, па многу внимателно соединете ги со смесата од жолчките и брашното. Промешајте со шпатула, па истурете ја смесата во шприц за пециво.

Подмачкајте ја тавата со масло и оставете ја да се загрее, па кога ќе се загрее, истурете ја смесата во мала лажичка и по некое време превртете ја. Доколку имате прстенест калап за пржење во тавче, задолжително истурете ја смесата внатре, бидејќи така ќе им се даде максимална висина на палачинките.

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page